Мохамед Салах ќе го напушти Ливерпул на крајот од сезоната, заедно со менаџерот Јирген Клоп, и ќе се пресели во Саудиска Арабија, тврди поранешниот египетски фудбалер Ахмед Хосам Мидо.
Долго време се шпекулира за заминување на најдобриот играч на „црвените“, а се споменуваа и понуди од 200 милиони евра.
Ал-Итихад, за кого настапува Карим Бензема, беше најупорен, но Ливерпул досега одолеа на понудите.
Мидо тврди дека сѐ е договорено и дека Салах веќе потпишал договор со неименуван клуб од саудиската Про лига.
Во 2017 година египетскиот репрезентативец пристигна во Ливерпул од Рома. Претходно играше за Фиорентина, Челси и за Базел.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













