
Египетскиот интернационалец Мохамед Салах можеби ја игра последната сезона во дресот на Ливерпул. Пребогатите саудиски клубови повторно тргнаа во офанзива да ја доведат ѕвездата на Ливерпул, а се чини дека и Салах овојпат нема ништо против да замине од „Енфилд Роуд“ и да заработи огромни пари за својот следен трансфер.
Според информациите од Островот, трансферот на Салах ќе го урне и светскиот рекорд. Саудијците, неофицијално, се подготвени да платат 250 милиони евра за да го доведат Египќанецот во својата лига. Сѐ уште не се наведува прецизно клубот каде би играл Салах следната сезона.
Крилниот напаѓач има договор со Ливерпул до јуни 2025 година, па ова лето е последната можност на Ливерпул да го продаде и сериозно да заработи на неговото заминување.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Лео Меси ќе потпише нов договор со Интер Мајами
