
Ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах, постигнал договор со клубот за продолжување на неговиот договор, што претставува одлична вест за навивачите на „црвените“. Неговиот тековен договор беше со важност до крајот на оваа сезона.
Според медиумите на Островот, Салах се согласил да потпише нов договор со Ливерпул на дополнителни две години.
Во последниот период имаше многу шпекулации околу неговата иднина, при што тој беше поврзуван со трансфер во Пари Сен Жермен. Овие шпекулации се засилија по јавно изразеното разочарување на Салах заради недобиена понуда од Ливерпул.
Наводно, агентот на играчот, Рами Абас, побарал продолжување на договорот за три години, додека управата на клубот првично понудила само една година.
На крајот, двете страни постигнале компромис, па 32-годишниот Египќанец ќе остане во клубот уште две години. Салах моментално заработува околу 400.000 фунти неделно, но финансиските аспекти не биле главен фактор за неговата одлука.
Ливерпул исто така работи на продолжување на договорите со уште двајца клучни играчи, капитенот Вирџил ван Дајк и Трент Александар-Арнолд.
Се шпекулира дека Ван Дајк ја одбил првичната понуда на клубот, додека Александар-Арнолд се двоуми поради интересот од Реал Мадрид. Договорите на двајцата истекуваат наредното лето.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Интернационалци
Бојан Миовски пред трансфер во Глазгов Ренџерс

Женски фудбал
ЖФК Љуботен со убедлив пораз од Розенгард во ЛШ
