Connect with us

Салах погоди од пенал во 95.минута за триумф на Ливерпул (ВИДЕО)

Ливерпул со голема мака стигна до победа од 0-1 на гостувањето кај Барнли и ја продолжи совршената серија на стартот од Премиер – лигата. Херој на „црвените“ беше Мохамед Салах, кој во 95. минута од пенал го постигна единствениот гол и му донесе на својот тим максимални 12 бода по четири одиграни кола.

Новото засилување Александер Исак не се најде во составот на Ливерпул, а менаџерот Арне Слот овојпат не доби посебен блесок од своите играчи.

Барнли остана со играч помалку во 84. минута, а во 94. судијата покажа на белата точка поради игра со рака на домашен фудбалер.

Салах мирно реализираше и ја обезбеди тешко изборената победа за Ливерпул.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови