Ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах, изјави дека ова е неговата последна сезона во клубот. Египќанецот го сподели ова веднаш по големата победа на „црвените“ со 0-3 над Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“.
Тој имаше огромен придонес за успехот, со две асистенции и постигнат трет гол во натпреварот.
„Имав убаво лето и доста време за себе, за да останам позитивен, бидејќи, како што знаете, ова е мојата последна година во клубот. Сакам само да уживам и да не размислувам за тоа. Чувствувам дека имам слобода да играм фудбал, а потоа ќе видиме што ќе се случи следната година“, изјави Салах во студиото на „Скај Спортс“.
Напаѓачот додаде дека клубот сè уште не разговарал со него за нов договор, а сегашниот му истекува на крајот од сезоната.
„Засега не знам со кој клуб можам да се вратам, но засега ова е мојот последен натпревар тука цо дресот на Ливерпул. Не зависи од мене, но никој не разговарал со мене за договор со клубот. Ќе видиме,“ додаде тој.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













