
Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах е прогласен за играч на сезоната во Премиер – лигата од Здружението на професионални фудбалери.
За Египќанецот ова е втора ваква награда по сезоната 2017/18.
29-годишниот Салах ја подели наградата за најдобар стрелец во сезоната со Јужнокорејецот Хјонг-мин Сон од Тотенхем.
Фудбалерот на Манчестер Сити, Фил Фоуден, ја доби наградата за млад играч на сезоната, а менаџерот ветеран Рој Хоџсон доби награда за посебен придонес во фудбалската игра.
„Тимот на сезоната“ во Премиер – лигата вклучува шест играчи на Ливерпул: Алисон Бекер, Трент Александар-Арнолд, Вирџил ван Дајк, Тијаго Алкантара, Мохамед Салах и Садио Мане, тројца од шампионскиот тим на Манчестер Сити: Жоао Кансело, Кевин де Бруин и и Бернардо Силва, како и еден од Челси и Манчестер Јунајтед, односно Антонио Рудигер и Кристијано Роналдо.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal