Најдобриот египетски фудбалер Мохамед Салах ќе се врати во Ливерпул заедно со клупските лекари и нема да и помогне на својата репрезентација во следните натпревари на Африканскиот куп на нации.
Тој заработи повреда на тетивата против Гана и нема да може да помогне најмалку во наредните два натпревари.
Лекарите од Ливерпул моментно се на пат кон Брегот на Слоновата Коска за да видат што се случува, а во договор со египетската репрезентација тој ќе се упати назад во Англија, каде ќе закрепнува под надзор на клупските лекари.
„Доколку се опорави до финалето, а Египет е во борба за трофејот, ќе му биде дозволено да лета таму и да игра“, изјави Јирген Клоп по натпреварот меѓу Борнмут и Ливерпул.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













