
Најдобриот фудбалер на Ливерпул,Мохамед Салах,потврди дека за две седмици ќе игра во финалето на Лигата на шампионите против Реал Мадрид, иако по повредата на препоните се стравуваше дека во најлош случај сезоната за него ќе биде завршена.
Салах падна на земја во финишот на првото полувреме против Челси во финалето на ФА купот на Англија и поради болки не можеше да го продолжи мечот, отстапувајќи му го местото на Диого Жота.
Неизвесноста траеше до крајот на мечот кој Ливерпул го доби на пенали, а Салах на новинарите им го кажа одговорот на едно клучно прашање.
„Дали ќе играм во финалето на Лигата на шампионите? Секако!“, изјави Салах.
Дуелот против Реал Мадрид на стадионот „Сен Дени“ во Париз е закажан за в сабота на 28 мај.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Башкими го доведе и Фарук Бихорац

Евро-фудбал
Хулк постигна гол директно од корнер (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Галатасарај сака да го доведе и Тер Штеген

Евро-фудбал
Њукасл го купи Еланга за 60 милиони евра
