Шпанскиот гигант Реал Мадрид не се откажува од намерата да го купи Килијан Мбапе до крајот на летниот преоден рок. Флорентино Перез испрати нова понуда во Париз, а таа изнесува 200 милиони евра. Зголемен е делот на бонусите, „кралевите“ се подготвени да платат 170 +30 милиони евра за да ја доведат француската ѕвезда на „Сантијаго Бернабеу“.
Флорентино Перез ја зголеми понудата и го испрати директорот Хозе Анхел Санчез, својот човек за преговори со странските клубови, во Париз. Тоа ќе биде и последниот обид за да го купи Килијан Мбапе и да го засили тимот пред истекот на летниот преоден рок.
Мбапе во текот на денешниот ден исто така имал нова средба со тренерот Маурисио Покетино и со претседателот Насер Ал Келаифи и истакнал дека неговата желба е да направи трансфер во Реал Мадрид.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













