Connect with us

Садио Мане сака да се врати во Ливерпул

Садио Мане би се вратил во Ливерпул. Англиските медиуми пишуваат дека е несреќен во Германија, дека не се снашол, а го удрил Лирој Сане по поразот од Манчестер Сити (3-0) затоа што е максимално фрустриран.


Наводно сака да се врати во Ливерпул. „Црвените“ би можеле да го купат за 20 милиони евра, а Баерн има план да врати дел од вложените пари на Сенегалецот. Тој би се откажал од дел од приходите за повторно да заигра на „Енфилд“, но големо прашање е дали поранешниот клуб е заинтересиран.

Клоп донесе замена, тука е Дарвин Нуњез, пристигна и Коди Гакпо, а тука е и опоравениот Луис Дијаз, па мали се шансите Садио Мане повторно да се врати во Ливерпул.

Од другите претходно заинтересирани клубови, опција е ПСЖ. Баерн не може да си дозволи Сенегалецот да остане, затоа што ќе внесе немир во соблекувалната.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови