Connect with us

Садио Мане најдобар фудбалер на Африка

Садио Мане по вторпат во кариерата е избран за најдобар фудбалер во Африка. Сенегалецот минатата сезона блесна во дресот на Ливерпул и неговата репрезентација и сосема заслужено доби големо признание од Африканската фудбалска конфедерација.


Второто место во изборот му припадна на Египќанецот Мохамед Салах од Ливерпул, а на третото е сенегалскиот голман Едуард Менди од Челси.

Мане го предводеше Сенегал на нивниот пат до нивната прва и историска титула на Африканскиот куп на нации. На 6 февруари годинава, во финалето на турнирот што се одржа во Камерун, Сенегал по подобро изведување на пенали го совлада Египет, а решавачкиот гол го постигна Мане од белата точка. Само месец и половина подоцна, Сенегал се пласираше на Светското првенство во Катар, повторно во двомеч против Египет и повторно по подоброто изведување пенали.

Садио Мане минатата сезона со Ливерпул беше вицешампион на Европа и на Англија, а беше одликуван со трофеи во ФА Купот и Лига Купот на Англија. Од 2016 година ги освои сите пехари што можеше да ги освои со тимот од „Енфилд“, а од новата сезона ќе настапува во дресот на Баерн Минхен.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови