Connect with us

Садио Мане мора на операција, дефинитивно нема да игра на СП во Катар

Најдобриот играч на репрезентацијата на Сенегал, Садио Мане, нема да може да настапи на Светското првенство во Катар. Напаѓачот на Баерн се најде на списокот на селекторот Али Сисе и се веруваше дека ќе може да се опорави барем за еден натпревар на Светското првенство.


Но, тоа нема да се случи и тој е целосно отпишан, што се официјализираше вечерва. Притоа тој ќе мора да оди на операција.


Претходно беше објавено дека Мане дефинитивно нема да игра на воведниот натпревар против Холандија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови