
Пред неколку дена, Јувентус беше казнет со одземање на 15 поени за користење на лажен капитал во финансиските книги за време на пандемијата на коронавирус.
Поранешниот спортски директор на Јувентус, Фабио Паратичи, е суспендиран на две и пол години, поранешниот претседател Андреа Ањели е суспендиран на две години, како и Маурицио Аривабене, поранешниот директор на клубот.
Парична казна од 16 месеци доби и Федерико Черубини, актуелниот спортски директор на Јувентус. На поранешниот играч и потпретседател на „старата дама“, Павел Недвед, во следните осум месеци нема да му биде дозволено да извршува никаква функција во фудбалот, а за сето тоа на клубот му се одземени претходно споменатите 15 бода во актуелната сезона.
Јувентус настрада, меѓу другото, и поради 22 сомнителни трансфери што ги направи во последните неколку сезони, од кои повеќето беа размена на играчи со други клубови.
Тројцата најсомнителни од тие 22 трансфери се размената на Миралем Пјаниќ и Артур со Барселона, размената на Леонардо Бонучи и Матија Калдара со Милан и размената на Кансело и Данило со Манчестер Сити.
Во сите овие зделки финансиските услови биле фалсификувани или не биле соодветно впишани во книгите.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Киеза има четири понуди да се врати во Серија А
