
Рускиот интернационалец Џамал Дибиргаџиев е петтото засилување на Шкупи за новата сезона, откако овој 24-годишен напаѓач денеска го стави потписот на тригодишниот договор со македонскиот прволигаш.
Височината (192 см) е голем адут на рускиот голгетер во дуелите со противничките дефанзивци, а се очекува Дибиргаџиев утре да пристигне во Скопје и веднаш да почне со тренинзи под водство на стручниот штаб, во обид да биде во комбинација за настап за премиерниот натпревар против Шкендија. Тој доаѓа во мак-фудбалот од рускиот второлигаш Черноморец, за кој минатата сезона постигна 12 погодоци на 16 одиграни натпревари. Претходно Џамал има настапувано и за првиот и за вториот тим на Анжи, како и за португалскиот второлигаш Фатима.
Шкупи претходно потпиша договор со голманот Наумовски, а во своите редови ги доведе и Костариканецот Фреди Алварез, Фират Гулу од Галатасарај, како и Илирид Адеми од редовите на Ренова.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика

Млади репрезентации
Македонија У17 поразена од Кипар
