Кристијано Роналдо во интервјуто кое му го даде на Пирс Морган го „закачи“ Вејн Руни, неговиот поранешен соиграч и легендарен англиски фудбалер.
„Не знам зошто Вејн Руни ме критикува толку често. Веројатно затоа што ја заврши кариерата, а јас се уште играм на врвно ниво. Исто така е точно дека изгледам подобро од него”, изјави 37-годишниот Португалец.
Сега дојде одговорот на Руни.
„Тој е фантастичен играч. Заедно со Меси, веројатно најголемиот досега. Тоа што го кажав за него не е критика. Сите старееме, а на Кристијано очигледно му е тешко да се справи со тоа. Даде интервју кое отиде глобално… Некои коментари се малку чудни и Јунајтед ќе се справи со тоа“, изјави Вејн Руни.
Роналдо и Руни беа соиграчи во Јунајтед пет години, заедно ја освоија Лигата на шампионите и трипати беа англиски шампиони.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski