Connect with us

Руни: Мечтаам да бидам менаџер на Манчестер Јунајтед

Легендата на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни, не се откажува од сонот да биде менаџер на клуб од Премиер – лигата. Тој сподели и за кои тимови се надева дека ќе работи. Тоа се Евертон и Манчестер Јунајтед за кои и настапуваше.


Руни е тинејџер на „карамелите“, но поголемиот дел од кариерата го помина на „Олд Трафорд“.

Сепак, неговото искуство како тренер е прилично неуспешно. Работеше во Дерби Каунти, Ди-Си Јунајтед и во Бирмингем, каде што остана три месеци, а во јануари беше отпуштен.

„Дефинитивно сакам да се вратам на тренерската работа. Целта ми е еден ден да работам во Премиер – лигата. Манчестер Јунајтед и Евертон се работата од соништата, но тоа е процес“, изјави Руни за „Би-Би-Си“, каде вчера беше гостин на натпреварот од ФА Купот на „црвените ѓаволи“.
„Во следните 10 години се надевам дека ќе имам можност да водам еден од врвните тимови. Она што се случи во Бирмингем беше чекор назад, но јас сум борец и сакам да се вратам. Дел од работата на менаџерите е и да ве отпуштат и да има тешки времиња. Имав време да размислувам за ситуацијата и знам што да правам следниот пат. Моментот не беше вистинскиот за Бирмингем и навивачите не ме прифатија од првиот ден“, додаде тој.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови