Connect with us

Руни: Манчестер Јунајтед со години бараше тренер како Ерик Тен Хаг

Поранешната ѕвезда на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни, упати комплименти за менаџерот на „црвените ѓаволи“, Ерик тен Хаг. Рекордерот на Јунајтед верува дека Холанѓанецот е човекот кој ќе го врати клубот во деновите на слава.


„Ваков тренер на Манчестер Јунајтед му требаше со години. Неколку пати бев во базата и разговарав со играчите. Знам дека сакаат да работат под водство Тен Хаг, и тоа е секогаш важно. Во исто време, тој е тренер кој бара многу од играчите“, изјави Руни за „ЕСПН“.

„Тен Хаг го промени менталитетот на играчите, им ја врати самодовербата. Заостануваат пет бода од првото место, а остануваат уште многу натпревари, така што сѐ е можно… Тен Хаг смета на сите и оние кои влегуваат како резерви придонесуваат за добрите резултати. Токму оваа промена на карактерот му беше потребна на тимот“, додаде Вејн Руни.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови