
Поранешниот англиски репрезентативец Вејн Руни не го одобрува односот на раководството на Тотенхем кон Хари Кејн. Легендата на Манчестер Јунајтед признава дека повеќе сака да го гледа напаѓачот на „Олд Трафорд“.
Кејн има договор со лондончани до следното лето, а се чини дека се согласил да се пресели во Баерн Минхен. Тотенхем, сепак, не сака да го пушти.
„Се чини дека Хари е затвореник во Тотенхем. Изгледа дека му е многу тешко да излезе од таму“, прокоментира Руни.
„Би било идеално за мене ако Кејн замине во Јунајтед“, продолжи тој. „Доколку биде дел од составот, тоа би ги зголемило шансите на Манчестер Јунајтед. Ајде да видиме што ќе се случи“.
Вејн Руни моментално е тренер на ДЦ Јунајтед во МЛС лигата на САД.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Македонија ЃП го доведе Али Адем
