Тренерот на Лудогорец, Руи Мота, говореше пред утрешниот реванш против Шкендија од плејофот за влез во групната фаза на Лига Европа. Бугарскиот тим го загуби првиот натпревар во Скопје со 1-2, па затоа утре ќе брка победа за да обезбеди учество во вториот по ранг европски клупски турнир.
Португалскиот стручњак очекува неговите фудбалери да покажат сосема поинакво лице во споредба со дуелот од пред една недела, откривајќи притоа дека и за овој меч нема да може да смета на повредените Квадво Дуа, Агибу Камара и Жоел Андерсон.
„Очекуваме да направиме многу повеќе во однос на првиот натпревар. Веќе направивме анализа со играчите и мојот стручен штаб. Знаеме што треба да промениме и се надеваме дека тоа ќе го примениме утре. За жал, Квадво Дуа, Агибу Камара и Жоел Андерсон сè уште се во процес на опоравување.
Од првата минута утре нашата цел ќе биде да победиме. Тоа е во главите на играчите. Се надевам дека резултатот од првиот меч ќе остане само една случајност“, изјави Мота.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Прва лига
Арсими со убедлив триумф против Башкими













