Шкендија го совлада Лудогорец со 2-1 и обезбеди важна предност пред реваншот во Разград кој ќе биде одлучувачки за пласман во групите на Лига Европа.
По мечот, тренерот на бугарскиот тим, Руи Мота, не беше задоволен од своите избраници.
„Влеговме добро во натпреварот и поведовме, но потоа престанавме да играме. Шкендија ја искористи својата брзина по крилните позиции и од два противнапади постигна два гола. Губевме многу топки и тоа на крајот нè чинеше пораз“, истакна Мота.
Реваншот во Разград ќе се одигра следниот четврток од 19:30 часот. Тимот што ќе излезе како победник ќе оди во групите од Лига Европа, додека поразениот ќе се пресели во Конференциската лига.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













