
Се помали се шансите германски дефанзивец Антонио Рудигер следната сезона да игра за Челси, но има шанси да остане во Лондон и да заврши во редовите на Тотенхем.
Според „Фудбал инсајдер“, менаџерот на Тотенхем, Антонио Конте, има одлично мислење за Рудигер, па во соработка со спортскиот директор Фабио Паратичи ќе се обиде да ја засили понудата и во јануари да го добие германскиот репрезентативец.
Јасно е дека Тотенхем ќе има тешка задача, со оглед дека за стоперот интерес појавуваат Реал Мадрид и Пари Сен Жермен, Неговиот договор со Челси истекува на 30 јуни и тој ќе може како слободен агент да избере нова средина.
Тотенхем тешко ќе може да се бори со овие гиганти, но Конте ќе се обиде да го убеди Рудигер да остане во Лондон, чиј жител е од летото 2017 година, кога пристигна од Рома.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Модриќ е херојот на Милан (ВИДЕО)

Евро-фудбал
ПСЖ на крилата на Баркола го среди Ленс (ВИДЕО)
