
Играчот од средниот ред на Ал-Хилал, Рубен Невеш, демантираше дека во зимскиот преоден рок ќе се пресели во Њукасл. Португалецот има договор со Ал-Хилал до јуни 2026 година.
Тој летово од Вулверхемптон за 55 милиони евра пристигна во Ал-Хилал за кој играат Александар Митровиќ и Сергеј Милинковиќ-Савиќ. За тимот од Ријад одигра 23 натпревари и постигна три гола.
Некои британски медиуми претходно објавија дека Невеш има клаузула во договорот, според која веќе во јануари може да се врати во Премиер – лигата, а во меѓувреме Њукасл доби право да доведе играчи од саудиските тимови, кои се во сопственост од неговите газди, на заем.
Челниците на „чавките“ го гледаат Невеш како идеална замена за суспендираниот Италијанец Сандро Тонали.
Њукасл беше подготвен да го донесе Португалецот на позајмица до крајот на сезоната во јануари, со можност за откупување на договорот во јуни 2024 година, но се чини дека ништо нема да излезе од тоа.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер се врати на победите во Серија А (ВИДЕО)

Прва лига
Вардар со пресврт го победи Работнички
