Connect with us

„Росонерите“ ја гризнаа „волчицата“ (ВИДЕО)

Милан ја победи Рома со 3-1 на „Сан Сиро“ и стигна до 13. победа во Серија А оваа сезона, четврта во последните пет натпревари во шампионатот.

„Росонерите“ сега се наоѓаат на третата позиција со 42 бода, девет помалку од лидерот Интер.

Адли го отвори резултатот во корист на Милан во 11. минута, а Жиру на почетокот на вториот дел зголеми на 2-0. Паредес од пенал ја врати надежта за Рома, но Тео Хернадез во 84.минута го потврди триумфот на Милан.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови