Октавијан Шовре, романскиот судија кој беше асистент на мечот меѓу Манчестер Сити и Борусија Дортмунд во Лигата на шампионите предизвика бура откако го замоли Ерлинг Халанд за автограм. Тој истакна дека жолтиот и црвениот картон од мечот со автограмот на Халанд ќе бидат продадени на аукција, а средствата ќе ги намени за помош на лицата со аутизам во Романија.
Сепак, оваа негова постапка ја крикткуваше Роберто Росети, шефот на судиите при УЕФА.
„УЕФА сака судиите да бидат почитувани како и играчите. Во таа насока, се работи на тоа да бидат атлети, да градат авторитет, да бидат професионалци. Ако сакаш да бидеш почитуван, зошто би го барал неговиот дрес или потпис? Ова едноставно е неприфатливо, тука се работи за достоинство и судиите никогаш не смеат да заборават дека има ТВ камери и сите натпревари на УЕФА се снимаат од многу агли“, изјави Росети.
												
																					- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal 
- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal 
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							












