Кристијано Роналдо постигна гол против Србија во Белград во последните мигови од мечот, топката речиси еден метар беше зад гол – линијата, но судијата Дани Макиеле не го призна погодокот, а во квалификациите за СП 2022 во Катар нема ВАР – технологија.
Роналдо во нервоза ја фрли капитенската лента, а потоа рече дека тоа го направил во моменти на фрустрација затоа што е оштетена целата португалска нација.
„Да бидам капитен на Португалија е голема чест за мене. Секогаш сум го давал максимумот за мојата земја, тоа никогаш нема да се промени. Тешко е да прифатиш кога гледаш дека целата нација ти ја оштетуваат. Одиме кон следниот предизвик“, напиша Роналдо.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













