Connect with us

Роналдо се врати со хет-трик и сам го победи Тотенхем (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо предизвика многу контроверзи откако не настапи на дербито со Манчестер Сити, се шпекулираше дека нервозно одлетал за Португалија зошто требало да биде резерва, а официјалните информации беа дека е повреден. Легендарниот напаѓач се врати во голем стил, постигна хет – трик против Тотенхем и речиси сам го порази лондонскиот тим (3-2).

Роналдо го отвори резултатот во 12.минута, но израмни Хари Кејн од пенал во 35.минута. Сепак, три минути подоцна повторно Роналдо обезбеди предност за „ѓаволите“ пред одморот.

Хари Мегваер во второто полувреме си постигна автогол, но Португалецот ја спаси работата, комплетираше хет-трик и донесе важен триумф за Манчестер Јунајтед.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови