
Кристијано Роналдо нема намера да се откаже од фудбалот најмалку до завршувањето на Светското првенство во Катар. Напротив, има план со националниот тим на Португалија да се бори за мундијалската титула. Тоа е единствениот значаен трофеј што му недостига на Роналдо во богатата кариера.
„Знам дека Роналдо има само уште една неисполнета желба во кариерата. Да игра со Португалија на СП во Катар и да го освоиме трофејот. Би било тоа магичен крај на неговата кариера, а и магија за цела Португалија“, изјави селекторот Фернандо Сантош.
Роналдо можеби ќе го напушти Јувентус на крајот од сезоната, но секако ќе направи трансфер во друг голем европски клуб и ќе продолжи да игра на врвно ниво. Во игра се Реал Мадрид, Пари Сен Жермен и Манчестер Јунајтед.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Лео Меси ќе потпише нов договор со Интер Мајами
