Connect with us

Роналдо останува на „Олд Трафорд“, едвај чека да почне да работи со Ерик тен Хаг

Португалската ѕвезда Кристијано Роналдо, нема намера да го напушти Манчестер јунајтед. Тој истакна дека е возбуден да почне да работи со новиот менаџер на „ѓаволите“, Ерик тен Хаг.
Роналдо за официјалниот веб-сајт на клубот вели дека ќе му биде потребно време на 52-годишниот Тен Хаг да успее во клубот.


„Тоа што го знам за него е дека заврши фантастична работа со Ајакс, дека има огромно искуство. Но, треба да му дадеме време. Треба да се сменат работите според неговите желби. Се надевам дека ќе имаме успех и му посакувам многу среќа во работата. Сите сме среќни и возбудени, не само како фудбалери, туку и како навивачи на клубот. Сакам да верувам дека од следната година ќе освојуваме титули“, изјави Роналдо.

Португалецот постигна 24 гола на 38 натпревари по враќањето на „Олд Трафорд“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови