Кристијано Роналдо во вториот, последен дел од интервјуто со Пирс Морган откри дека летово одбил неверојатна понуда од Саудиска Арабија за да остане во Манчестер Јунајтед, клубот во кој се прослави и во кој се врати минатата година, но сега жестоко го напаѓа.
„Да, точно е дека пред неколку месеци добив понуда од Саудиска Арабија според која би добил 350 милиони евра за само две сезони. И тоа не беше единствената понуда што ја имав, но новинарите не престануваат да објавуваат дека никој не ме сака, што е голема лага. Ми беше тешко, многу тешко да одбијам такво нешто, но го направив тоа затоа што бев многу среќен во Манчестер Јунајтед, бидејќи знам дека се уште можам да постигнам многу голови за тој клуб и поради тоа бев исклучително мотивиран“, изјави Роналдо.
Тој смета дека не чувствува добра енергија на „Олд Трафорд“ во моментот.
„Сè уште верувам дека можам да постигнам многу, многу голови и дека сè уште сум доволно добар за да им помогнам и на Јунајтед и на Португалија, но тешко е ако не ја чувствувате таа енергија околу вас. Секако дека секогаш има критики: „Ах, тој има 37 години, не е толку добар како што беше…“, но би сакал да видам некој друг на моја возраст да игра на нивото што јас го одржувам“, дополнува Роналдо.
.@cristiano confirms to @piersmorgan that he turned down a HUGE offer from Saudi Arabia, among many others.
— Piers Morgan Uncensored (@PiersUncensored) November 17, 2022
"I was motivated to do a great season here. But they continue to repeat that nobody wants Cristiano."
Watch live: https://t.co/ajbahBef0P#90MinutesWithRonaldo | #PMU pic.twitter.com/bEqt4br6Hg
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal