
Кристијано Роналдо нема да се врати во Реал Мадрид, објави „АС“. Роналдо минатата недела го раскина договорот со Манчестер Јунајтед и сега е слободен агент во потрага по нов клуб.
„Враќањето на Роналдо не се размислувало и нема да се склучи. Реал нѐ уверува дека треба да уживаме во спомените од периодот на Роналдо и дека неговото доведување не би имало смисла во спортски проект“, пишува „АС“.
Роналдо беше поврзуван со Реал Мадрид, клубот за кој настапуваше од 2009 до 2018 година и постигна 450 гола, откако Карим Бензема се повреди, но францускиот напаѓач би требало да биде фит за вториот дел од сезоната.
Роналдо би можел да ја продолжи кариерата во Њукасл, клуб со најбогатите сопственици во светот, а го посакува и Интер Мајами на Дејвид Бекам.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Рафа Бенитез ќе биде нов тренер на Панатинаикос
