Португалскиот ас Кристијано Роналдо доби уште едно големо признание во кариерата. Тој е избран за најдобар фудбалер во Серија А за 2020 година. Тој доби најмногу гласови во изборот на фудбалерите, тренерите и судиите во италијанскиот шампионат. Роналдо минатата сезона постигна 31 гол на 33 натпревари во Серија А.
„Би сакал да им заблагодарам на моите соиграчи, затоа што без нив оваа награда немаше да биде во мои раце. Исто така и на сите фудбалери и останати кои гласаа за мене. Ќе продолжам во ист стил, посветено и со многу работа, затоа што и понатаму имам огромна мотивација“, изјави Роналдо.
Избран е и најдобриот тим во Серија А за минатата сезона. Во него се: Џанлуиџи Донарума, Робин Госенс, Стефан Де Фрај, Леонардо Бонучи, Тео Хернандез, Луис Алберто, Николо Барела, Папу Гомез, Пауло Дибала, Чиро Имобиле, Кристијано Роналдо.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













