
Maнчестер Јунајтед се опорави малку од дебаклот што му го нанесе Ливерпул на „Олд Трафорд“ (0-5) со победата на гости против Тотенхем (0-3). Во фокусот на вниманието повторно беше Кристијано Роналдо кој беше најдобар играч во тимот на „ѓаволите“. Но, мораше да одговори и на прашања што навистина ги мачат фановите на Манчестер Јунајтед, зошто тимот е неконстантен.
„Имавме резултати кои не ги очекувавме, имаше и голем притисок, но знаевме дека добро ќе одговориме. Моја работа е да помогнам со постигување голови, да донесам искуство во тимот, да поделам асистенции. Среќен сум само кога ќе победиме. Но, овојпат сите добро ја завршивме работата, и во нападот и во одбраната. Фудбалот е специфична игра, но успехот зависи од целиот тим. Ако сите ја работат својата работа добро, тогаш успехот е неминовен. Мое е да давам голови и јас тоа го правам добро“, изјави Роналдо.
Манчестер Јунајтед утре го очекува дуел против Аталанта во Лигата на шампионите.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal
