Петкратниот добитник на „Златната топка“, Кристијано Роналдо, ќе присуствува на овогодинешната церемонија на доделување, тврди „Ле Паризиен“. Причината за ова е што Португалецот е сигурен дека наградата ќе ја добие неговиот пријател Карим Бензема. Според некои извори, можно е дури и Роналдо да му ја врачи „Златната топка“ на најдобриот стрелец на Реал Мадрид.
Традиционално, Роналдо ги прескокнува церемониите кога знае дека нема да победи. Така беше и минатата година, кога неговиот голем индивидуален ривал Лионел Меси ја освои седмата „Златна топка“.
Португалецот не беше на церемонијата ниту кога наградата ја освои уште еден соиграч од Реал, Лука Модриќ.
Роналдо последен пат присуствуваше на гала во 2017 година, кога ја освои својата петта награда.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ерик тен Хаг се враќа на кормилото на Ајакс?













