Connect with us

Роналдо кажа зошто плачеше: Ова ми е последно Европско првенство, затоа сум толку емотивен

Кристијано Роналдо беше една од главните фигури во осминафиналето на ЕВРО 2024 меѓу Португалија и Словенија. По завршувањето на натпреварот, ѕвездата на Португалија објави дека ова ќе биде неговото последно Европско првенство, токму затоа сите настани ги доживува многу емотивно.


Роналдо промаши пенал во продолженијата, но тоа не беше фатално и селекцијата на Роберто Мартинез продолжи понатаму. Во пенал-серијата, Роналдо прв ја зеде топката и не погреши, а голманот Диого Коста одбрани три пенали на Словенците и го одведе тимот во четвртфиналето.

Роналдо плачеше по завршувањето на продолженијата, затоа што не го реализира пеналот.

„Никогаш не се плашам од предизвици и да се предадам е последното што можете да го очекувате од мене. Ова сигурно е моето последно Европско првенство. Затоа сум толку емотивен. Сè уште сум исполнет со ентузијазам“, објасни 39-годишниот Роналдо по тешката победа.

„Ми беше жал за навивачите. Секогаш ќе давам сè од себе за дресот на Португалија“, истакна тој.

„Се разбира дека беше тешко. Натпреварот беше тежок, но требаше да ги искористиме нашите шанси за да не дојде до пенали. Цела година не промашив пенал, но сега се случи. Облак е еден од најдобрите голмани во светот. Тој се покажа и во други ситуации. Добив шанса да се реванширам, а целиот тим работеше неуморно 120 минути и не ја загуби концентрацијата. Истовремено сум тажен и среќен. Важно е што продолжуваме, и тоа заслужено“, додаде ѕвездата на Португалија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови