Connect with us

Роналдо: Јас сум уникатен играч, па таков е и овој трансфер во Ал-Наср

Португалскиот ас Кристијано Роналдо беше претставен на спектакуларен начин на стадионот на Ал-Наср во Ријад. Славниот Португалец пред неколку дена стана играч на прволигашот од Саудиска Арабија. Тој потпиша договор на две и пол години, а неговата годишна плата ќе биде околу 200 милиони евра, но во таа сума е вклучен и комерцијалниот дел од договорот.


Ова е највисоката плата во историјата на фудбалот, па Роналдо ќе заработи половина милијарда евра додека трае договорот.

Роналдо беше без клуб повеќе од еден месец откако на 22 ноември го раскина договорот со Манчестер Јунајтед со заедничка согласност. Таму целиот прв дел од сезоната беше во втор план, а потоа отворено се побуни против менаџерот Ерик тен Хаг и управата на клубот.

„Се чувствувам многу добро. Во Европа мојата работа е завршена, освоив сѐ. Играв за најголемите клубови. Ова е нов предизвик за мене да создадам нешто за фудбалот во Азија. Драго ми е што Ал-Наср ми даде можност да помогнам не само во развојот на фудбалот туку и да им помогнам на идните генерации. Тоа е голем предизвик, но јас сум среќен поради тоа“, изјави Роналдо на почетокот на претставувањето, а потоа Португалецот беше прашан зошто го избрал Ал-Наср и дали е изненаден од договорот.

„Јас сум уникатен играч. Ги соборив сите рекорди во Европа, а сакам да соборам некои и овде. Овој договор е единствен затоа што јас сум уникатен играч, па тоа е нешто сосема нормално. Сега можам да кажам дека ме посакуваа многу клубови во Европа. Имав многу понуди од Бразил, Австралија, САД, дури и од Португалија. Одбив сѐ бидејќи му дадов збор на Ал Наср“, изјави Роналдо.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови