Connect with us

Роналдо има тајна клаузула со Ал-Наср: Следната година може да се врати во Премиер – лигата

Португалската ѕвезда Кристијано Роналдо е нов фудбалер на Ал-Наср, треба да дебитира на 5 јануари, и за првпат во кариерата ќе игра надвор од Европа, во првенството на Саудиска Арабија. Сепак, португалските медиуми открија дека во договорот постои клаузула според која тој би можел да се врати во Англија наредната сезона.


Роналдо има клаузула според која би можел да биде испратен на позајмица во Њукасл во следната сезона доколку англискиот тим обезбеди место во Лигата на шампионите. Њукасл и Ал-Наср имаат исти сопственици.

Тоа и не е така неостварливо, со оглед дека Њукасл во моментов е на третото место на табелата во Премиер – лигата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови