
Португалскиот ас Кристијано Роналдо за пет минути, во самиот финиш, успеа да извлече победа (2-1) за својата репрезентација против Република Ирска, откако на стартот не реализира пенал. Истовремено, со овие два гола го урна и рекордот на Али Даеи (109) и сега со 111 постигнати гола во националниот тим е светски рекордер.
Роналдо не реализира пенал во 15.минута, голманот Базуну го одбрани неговиот удар, а Џон Еган во 45.минута донесе предност за Р. Ирска. Долго време Ирците имаа водство, а во 89.минута, Кристијано Роналдо успеа да израмни. Длабоко во судиското продолжение, во 96.минута, Роналдо со удар со глава постигна и победнички гол.
Франција на домашен терен само ремизираше (1-1) против БиХ. Един Џеко ги изненади француските дефанзивци во 36.минута, а возврати Антоан Гризман четири минути подоцна. Во 50.минута Жул Кунде поради груб старт доби црвен картон, па селекцијата на Дидие Дешамп не победи.
Данска ја совлада Шкотска со 2-0, со головите на Даниел Вас и на Јоаким Маеле, а Норвешка и Холандија ремизираа 1-1. На мечот меѓу Русија и Хрватска немаше голови, а Турција и Црна Гора одиграа 2-2.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal