Португалскиот ас Кристијано Роналдо го доби признанието за најдобар фудбалер во 21. век на церемонијата „Глоуб Сокер авордс“ во Дубаи. Тој истакна дека талентот веќе не е доволен за да се прерасне во голем фудбалер, потребно е секојдневно напорно да се работи.
„Благодарност за големото признание. Денешниот фудбал не признава талент, туку тој мора да се усовршува и надградува секојдневно со напорна работа. Само така може да се оствари успех“, изјави Кристијано Роналдо.
Пеп Гвардиола, менаџерот на Манчестер Сити, е добитник на признанието за најдобар тренер на 21. век, а Жорге Мендеш е најдобар фудбалски агент.
Реал Мадрид ја доби наградата за најдобар фудбалски клуб во 21. век од свечената академија на „Глоуб сокер“.
Роберт Левандовски е избран за фудбалер на годината, Ханси Флик за најдобар тренер за 2020 година, а Икер Касилјас и Жерар Пике добија награди за врвна кариера.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













