Португалскиот ас Кристијано Роналдо доби суспензија од Манчестер Јунајтед за наредниот меч на клубот, откако предвреме замина во соблекувална на дуелот со Тотенхем. Тој вечерва излезе со став, вели дека не успеал да го надвладее моментот, но, сепак, не се извини.
„Како и секогаш во мојата кариера, се обидувам да живеам и да играм со респект кон моите колеги, соработници и тренери. Тоа не се сменило. Јас не се сменив. Јас сум истата личност и истиот професионалец како и во последниве 20 години, додека играм елитен фудбал, а почитта секогаш играла важна улога во процесот на донесување на моите одлуки. Почнав многу млад, па примерите на повозрасните и поискусни играчи секогаш беа многу важни за мене.
Затоа, подоцна во кариерата, секогаш се обидував да поставам и самиот пример за помладите, кои се развиваа во сите тимови каде што играв. За жал, тоа не е секогаш возможно и понекогаш жестината на моментот нѐ надвладува. Во моментов, единствено чувствувам дека треба да продолжам да работам напорно во Карингтон (тренинг-центарот на Јунајтед н.з.), да ги поддржувам соиграчите и да бидам подготвен за сѐ во кој било натпревар. Да подлегнам на притисокот не е опција. Никогаш не била. Ова е Манчестер јунајтед и обединети мора да стоиме. Наскоро повторно ќе бидеме заедно“, напиша Роналдо.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal