Португалија лесно се справи со Ерменија и славеше со 0-5, a одлични беа Кристијано Роналдо и Жоао Феликс кои постигнаа по два гола. Еден додаде и Кансело.
Босна и Херцеговина очекувано победи против Сан Марино (0-6), а двоен стрелец беше Един Џеко.
Англија одигра неатрактивен дуел против Андора и обезбеди триумф од 2-0. Во првиот дел автогол си постигна Гарсија, а во вториот стрелец беше Рајс.
Србија минимално ја победи Летонија на гости со 0-1, а стрелец на единствениот гол беше Душан Влаховиќ во 12.минута од мечот.
Ирска и Унгарија одиграа 2-2, а домаќинот се спаси од пораз во финишот од мечот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













