Габриел Жесус сезонава ги засили редовите на Арсенал. Тој во клубот пристигна од Манчестер Сити за 52 милиони евра.
Легендарниот фудбалски мајстор Роналдињо проговори за квалитетите на Жесус.
„Кога Габриел пристигна во Манчестер Сити, реков дека ќе стане еден од најдобрите напаѓачи во светот. Кога доби шанса, тој покажа дека е способен да извлече максимум од неа. Во Сити никогаш не доби можност и почит каков што заслужува играч со негов квалитет“, изјави Роналдињо и додаде:
„Во Арсенал тој има клучна улога во тимот, ја чувствува поддршката од тренерот и навивачите и веќе им ја враќа со своите голови. Очекувам големи работи од него оваа сезона. Тој не е само еден од најдобрите играчи во Премиер – лигата, туку и во цела Европа“.
Арсенал во првите три кола има три победи и гол разлика 9-2.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













