Работнички брзо стави крај на својот европски поход ова лето. Во првото квалификациско коло од Конференциската лига, „романтичарите“ беа поразени од Торпедо-Белаз од Белорусија со вкупни 4-0, и ги завршија настапите на меѓународната сцена.
Но и покрај елиминацијата, европските минути се злато вредни за оваа млада екипа. Натпреварите на повисоко ниво се совршена шанса за градење искуство, самодоверба и развој – токму она што ќе биде клучно во домашниот шампионат што следува.
Од клубот испратија јасна порака:
„Од искуството во Европа се учи многу.“
И навистина, секој настап надвор од границите е чекор напред – без разлика на резултатот.
Следна станица е Првата македонска лига. Работнички ќе се обиде стекнатото искуство да го претвори во подобри игри, стабилни резултати и повисок пласман оваа сезона.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













