Connect with us

Рома за едно полувреме му даде пет гола на Кротоне (ВИДЕО)

Рома ја прекина непријатната низа од четири натпревари без победа и го декласира Кротоне со 5-0 на „Олимпико“. Интересно, гостите издржаа едно полувреме, но потоа „волчицата“ гризеше силно.

Борха Мајорал постигна погодок во 47.минута, а Лоренцо Пелегрини во 70.минута зголеми на 2-0. Три минути подоцна уште еден гол на Пелегрини, а до крајот погодија и Хенрик Мхитарјан и уште еднаш Борха Мајорал.

Advertisement

Facebook

Тимови