Раководството на Рома ќе му понуди на тренерот Жозе Мурињо да го продолжи договорот. Португалецот сака да остане на „Олимпико“, а навивачите исто така се надеваат дека тој ќе продолжи да го води тимот.
Мурињо во неколку наврати изјави дека е подготвен да потпише нов договор, но тоа целосно зависи од сопствениците на клубот. Нивната намера е да го задржат „Специјалниот“ на договор од 1+1 година.
Идејата е дека клаузулата за втората година би се активирала доколку Мурињо ја квалификува Рома во Лигата на шампионите.
„Џалоросите“ сакаат да назначат нов спортски директор бидејќи Тијаго Пинто ќе ја напушти функцијата по завршувањето на јануарскиот преоден рок. Во оваа ситуација, а со оглед на ограничениот буџет поради финансискиот фер-плеј, газдите на Рома не можат да си дозволат да го загубат Мурињо.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













