Капитенот на Рома, Лоренцо Пелегрини, повторно се повреди и ќе ги пропушти следните неколку натпревари на „волчицата“. Според информациите, 25-годишниот играч од средниот ред има повреда на бутниот мускул поради која ќе пропушти најмалку два натпревари.
Ова е сериозен удар за Жозе Мурињо, кој не можеше да го искористи фудбалерот во декември, кога Пелегрини пропушти дури пет натпревари за својот тим.
Следните две средби на Рома се против Лече во Купот на Италија и против Емполи во Серија А. Се очекува Пелегрини да биде подготвен за настап на 6 февруари за мечот со Џенова.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal