Холандскиот интернационалец Рик Карсдорп ќе отсуствува шест месеци од составот на Рома поради повреда на левото колено. Тој се повреди на натпреварот против Хелсинки во Лига Европа, а во наредните денови ќе мора да биде опериран во Швајцарија.
По тешките повреди на Џорџинио Вајналдум и на Ебрима Дарбо, продолжуваат сериозните проблеми со здравствениот билтен во тимот на Жозе Мурињо.
Карсдорп стана дел од „волчицата“ во летото 2017 година, кога пристигна од Феенорд, а за пет години одигра 116 натпревари во дресот на римскиот клуб, со ефект од 13 асистенции и еден гол.
Advertisement
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Advertisement
Advertisement













