Напаѓачот на Барселона, Мемфис Депај, нема да се приклучи на Рома, како што се пишуваше во последните неколку недели. Раководството на „волчицата“ навистина се заинтересира за холандскиот интернационалец, но барем во јануари таков трансфер делува невозможен.
Депај бара годишна плата од 7 милиони евра, што ги надминува финансиските можности на Рома. Покрај тоа, Холанѓанецот сака да се пресели во клуб кој редовно учествува во Лигата на шампионите. Тој смета дека ќе има повеќе и подобри опции пред себе на лето кога ќе стане слободен агент.
Од почетокот на сезоната, Депај има постигнато само еден гол во Ла Лига. Поранешниот играч на ПСВ Ајндховен, Манчестер Јунајтед и на Лион уште пред почетокот на сезоната беше свесен дека Чави Хернандез нема да се потпре на него, но сепак претпочиташе да остане на „Камп Ноу“ и да се бори за своето место.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













