
Италијанскиот калчолигаш Рома покажува голем интерес за крилниот напаѓач на Ливерпул, Федерико Киеза, пренесува „Ла Република“. Италијанецот не успеа да се наметне на „Енфилд“ по летниот трансфер од Јувентус, а честите повреди дополнително ја отежнаа неговата адаптација.
Новиот менаџер на „црвените“, Арне Слот, очигледно не смета на него, а Киеза е подготвен да се врати во Серија А.
Според информациите, „волчицата“ е подготвена да му даде нова шанса за рестарт на кариерата. Клаудио Раниери, кој веќе работи на селекцијата на Рома за следната сезона, стапил во контакт со играчот.
Се очекува Раниери да ја преземе директорската улога на „Олимпико“, но уште сега се обидува да го убеди Киеза да ја прифати понудата на клубот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Хојлунд нема намера да го напушти „Олд Трафорд“
