Финалистот во Лига Европа, тимот на Рома, би можел сензационално да го ангажира напаѓачот на Челси, Ромелу Лукаку. „Џалоросите“ сѐ уште бараат напаѓач да го засилат својот тим, а менаџерот Жозе Мурињо се надева дека ќе привлече големо име во последните денови од летниот преоден рок.
По неуспешните преговори со Интер и со Јувентус, Лукаку е очаен да најде нов тим бидејќи е „замрзнат“ од Маурисио Покетино на „Стемфорд бриџ“. Тој во моментот тренира со младинците на Челси.
Според „Гол Италија“, барањата на Челси се исклучително високи, а платата на Лукаку се смета за преголема за финансиските можности на Рома. Сепак, претставниците на „волчицата“ се решени да се обидат да го ангажираат Белгиецот на позајмица во последен момент пред затворањето на преодниот рок.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













