
Рома ќе биде без трoјца важни играчи за дербито со Лацио вечерва. Станува збор за дефанзивецот Зеки Челик, голманот Метју Рајан и играчот од средниот ред Брајан Кристанте. Сите тројца нема да можат да учествуваат во натпреварот.
Кристанте се повреди на почетокот на декември и сè уште не е закрепнат, па повторно нема да биде на располагање на тренерот Клаудио Раниери.
Зеки Челик и Метју Рајан, пак, имаат симптоми на грип и исто така отпаѓаат од плановите за големата градска пресметка.
Отсуството на Рајан може да создаде најголеми главоболки за Раниери. Веројатно ќе се одлучи за Миле Свилар на голот за овој натпревар, додека на клупата ќе има двајца тинејџери, 18-годишниот Ренато Марин и 17-годишниот Џорџо Де Марци.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
